Червар: Дувњак го повреди листот, но проблемите и повредите ќе го зајакнат карактерот

Лино и Дувњак
Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Хрватска ја исполни очекуваната улога на фаворит и на новото деби на Лино Червар на клупата, домаќинот на Европското првенство убедливо ја победи Србија со десет разлика (32-22). Поранешниот македонски селектор Лино Червар напомена дека ова е само прва скала во мозаикот и дека проблемите и повредите го зајакнат карактерот на селекцијата.  

„Домагој има повреда на листот и треба дополнително да се извршат прегледи, па ќе видиме каков тип е повредата. Победата секогаш е драга, но ова е само првата скала и ние сега со сите проблеми мислиме кон втората скала. Но, со проблемите јакне карактерот и мораме уште да се докажуваме. Делувавме како тим и задоволен и горд сум на моите момци како и од првиот ден. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дојдоа од сите краеви на нашата земја. Исланд ја победи Шведска и го покажаа својот квалитет и упорност. Прво мора да се ресетираме, а потоа да ги подготвиме следниот натпревар“, изјави Червар.

Следат два скандинавски теста за момците на Червар, бидејќи во останатите два натпревари ривали на „каубојите“ ќе бидат Исланд и Шведска.