ВИДЕО: Цепелинот на Лазаров и Манасков против Шпанија е најубав гол на СП во Франција!

Една недела по завршувањето на Светското првенство во Франција, ИХФ ги избра десетте најубави голови на турнирот, кој траеше три недели. Цепелинот на Кире Лазаров и Дејан Манасков против Шпанијa е прогласен за најубав гол на шампионатот.

Најдобриот стрелец на Светското првенство (Лазаров постигна 50 гола на 6 натпревари), така и официјално го има и најубавиот гол на Мундијалот. Погледнете ги десетте најубави погодоци: