Бошковски: Еурофарм не разочара против европскиот шампион!

Андон Бошковски, стратегот на Еурофарм Работник е задоволен од прикажаната игра во Суперкупот против Вардар, и покрај поразот од 25-30.

Предводникот на битолчани вели дека невоиот тим одиграл допадлив меч и му дал отпор на шампионот - толку колку што му било дозволено.

„Игравме со европскиот шампион, ако се гледа по резултатот да кажеме дека сум задоволен, но во некои сегменти од играта не сум задоволен. Подоцна почнавме со подготовки, ова беше наша права увертира да видиме до каде сме. Има ситуаици кои мора да ги поправиме. Но, како и да е, не разочаравме тие што го гледаа овој натпревар и дадовме отпор. Верувам во оваа екипа, имаме доволен квалитет да бидеме меѓу првите три во македонската лига и да се бориме во плеј-офот наредната година. Најважен акцент оваа полусезона се става и на Челинџ купот, каде не чека противник од Литванија“, изјави Бошковски по средбата.

Еурофарм во првото коло од Суперлигата според распоредот треба да игра против Младост Богданци, додека во Челинџ купот противник е Гранитас Каунас и мечевите се играат во ноември.