Бешикташ во драма го победи Алингсас на струшкиот турнир

Турскиот шампион Бешикташ го победи шведскиот вицепрвак Алингсас со 29-27 (13-16) во вториот натпревар од првиот ден на 45. издание на струшкиот ракометен турнир.

Со одлично второ полувреме екипата на Немања Прибак направи пресврт и стигна до значајна победа со која ја наметна кандидатурата за место во финалето од А групата, во која уште игра Охрид. 

Фарук Важалиќ со 5 гола беше најефикасен во победничкиот табор, а Толга Озбахар постигна 4 гола. Кај Алингсас се истакнаа Флогман со 6 и Клар со 5 голови.

Претходно денес бранителот на титулата од минатата сезона Шатр славеше против Струга со 34-16. Утре дуелот меѓу Металург и Шатр веројатно ќе го даде финалистот од Б групата.