Белорусија ја совлада Австрија за стартна победа на ЕП во Хрватска

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Ракометарите на Белорусија со победа против Австрија од 27-26 (14-12) во Пореч го започнаа своето петто учество на европските шампионати. За ракометарите на Австрија шампионатот во Хрватска е нивни трети настап, по настапите во 2010 и 2014 година.

Белорусите беа фаворити и пред почетокот на натпреварот, а така го одиграа и првиот дел. Најголемата предност која ја имаше Белорусија во првиот дел изнесуваше +3 (12-9), за да на полувреме Белорусите заминат со предност од 14-12.

Во вториот дел Белорусија повторно се одлепи на +4 (22-18), за да по голот на Вебер во 50. минута Австрија намали на само -1 (24-23) и најави интересен финиш. Белорусија сепак беше и посреќна и посигурна, па на крајот ја запиша првата победа со резултат 27-26. Кулеш со шест гола беше најефикасен кај Белорусите, додека исто така шест гола во австриската репрезентација запиша Билик од Кил.

Во второто коло Белорусија за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка, а Австрија ќе излезе на мегдан против фаворизираната Франција.