Ангеловски го избра Тошевски за стартер, Шпанија со среден ред од сништата

На неполн час пред почетокот на натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија, познати се официјалните тимови за дуелот на „Телеком арената“. Големо изненадување е изборот на Кристијан Тошевски, кој ќе дебитира на позицијата десен бек.

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: 

Македонија:
Димитриевски, Тошевски, Шиков, Мојсов, Ристевски, Спировски, Стјепановиќ, Ристовски, Пандев, Алиоски, Несторовски 

Шпанија:
Де Хеа, Карвахал, Пике, Рамос, Жорди Алба, Бускетс, Иско, Иниеста, Силва, Тиаго, Диего Коста.