Алтхаус ги скина лигаментите на коленото и ќе паузира 3-4 месеци

Кружниот напаѓач на унгарскиот Ѓер и до минатата сезона на ЖРК Вардар, Ања Алтхаус ги скина лигаментите на десното колено и ја очекува подолга пауза од ракометните терени. 

Германката мора да биде подлегната на операција, па 3-4 месеци ќе биде надвор од настапите. Алтхаус нема да игра во комплетната втора фаза на Лигата на шампионите и ќе се врати за нокаут-фазата.

Ѓер ја брани европската титула, а завршниот турнир пак ќе се одржи во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта na 12 и 13 мај 2018 година.