Абутовиќ и Арсиќ изненадувачки не се најдоа во списокот на српскиот селектор Цветковиќ

На крајот од овој месец во терминот за ЕХФ неделата, на кој ракометната селекција на Србија ќе одигра двомеч со соодветната репрезентација на Австрија. 

За овие натпревари српскиот селектор ги Јовица Цветковиќ ги повика вардаровите ракометари Страхиња Милиќ и Мијајло Марсениќ, но изненадувачки остави неколку искусни репрезентативци. Во неговиот ростер не се најде Илија Абутовиќ, столбот на одбраната на европскиот шампион, Вардар, како и одличниот голман на Металург, Дарко Арсиќ.

За Србија овој двомеч со Австрија ќе биде прва подготовка за Европското првенство во Хрватска, каде што се наоѓа во група со домаќинот, Шведска и Исланд.