Пинг-понгарите на „Гоце Делчев“ се државни шампиони за 2016 година

Пинг-понгарскиот клуб „Гоце Делчев“ заврши на првото место во овогодишниот плеј-оф од македонската Супер лига и тоа со максимален скор од шест победи и ниту еден пораз.

По нив следуваа три екипи со идентичен резултат од две победи и четири порази, но заради подобрата разлика на натпреварите, Шампион ФА заврши на втората позиција, а зад нив следуваа екипите на Работнички и Вардар. Најзаслужни за доминацијата на државниот првак беа Кристијан Станојковски и Петар Костовски.

Пред десет дена, македонските пинг-понгари забележаа одлични резултати на турнир во Лерин. Резултатите можете да ги погледнете ОВДЕ.