ВИДЕО: Врвен настап и ново олимписко злато во халфпајн за Клои Ким

Американските олимпијци доминираат во сноуборд дисциплините на Олимписките игри во Пјонгчанг. Трето финале и трето златото за спортистите од оваа земја. Нова олимписка шампионка во дисциплината халфпајп е главната фаворитка и светската првенка Клои Ким.

Во првата серија Ким собра 90 поени, а во останатите само ја потврди доминацијата со 87 и 88 поени. Џиау Лиу од Кина го освои сребрениот медал, а Американката Ариел Голд се враќа дома со бронзено одличје.

Временските услови конечно беа одлични и ветерот не им создаваа проблеми на финалистите како во првите две финалиња.