ВИДЕО: Светската првенка падна, Италијанката Фонтана најбрза на 5.000 метри брзо лизгање

Aријана Фонтана од Италија е нова олимписка шампионка на 500 метри брзо лизгање во женска конкуренција.

Фонтана со време од 42.56 секунди прва мина низ целта и ја победи фаворитката од Холандија Јара ван Керкоф, која освои сребрен медал и Канаѓанката Ким Бутин, која се закити со бронзен медал.

27-годишната Фонтана го оствари својот најдобар резултат од Сочи, каде во истата дисциплина беше сребрена. 

Големо разочарување беше киксот на светската рекордерка, Елис Кристи од Велика Британија, која потфрли падна во финалната трка и остана без пласман и без очекуваниот медал.