Столе Стоилов меѓу најдобрите десет спортисти на Балканот

Стоилов и Димитров

Најдобриот тенисер на Бугарија, Григор Димитров е прогласен за најдобар спортист на Балканот за 2017 година во изборот на бугарската национална агенција (БТА). Во ова гласање учествуваа најголемите агенции од сите држави на овој регион.

Третиот тенисер на светот во оваа година освои пет АТП титули, а дефинитивно најважна е онаа од Лондон на Завршниот Мастерс, кога со 2-1 го совлада Гофин. Бугаринот доби само два гласа повеќе од Симона Халеп од Романија која заврши на втората позиција, додека на третото место се најде светскиот шампион на 200 метри, Турчинот Рамил Гулијев. 

Најдобро рангиран македонски спортист во овој избор е капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов со 16 освоени гласа, а на овој овогодишната конкуренција не беше  освојувачот на пет вакви признанија, Новак Ѓоковиќ.

Меѓу најдобрите спортисти од Македонија беше и Перо Антиќ, кој заврши на 15 место. Димитров на „тронот“ на Балканот ја наследи хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ. 

Најдобри спортисти на Балканот:

1. Григор Димитров (Бугарија) 62 поени
2. Симона Халеп (Романија) 60
3. Рамил Гулиев (Турција) 49
4. Катерина Стефаниди (Грција) 48
5. Сандра Перковиќ (Хрватска) 46
6. Лука Модриќ (Хрватска) 31
7. Елефтеирос Петруниас (Грција) 21
8. Богдан Богдановиќ (Србија) 19
9. Тијана Бошковиќ (Србија) 17
10. Стојанче Стоилов (Македонија) 16