Русинките одушевија со ново злато во синхронизирано пливање

Александра Пацкевич и Светлана Колинишченко се освојувачи на златни медали за првиот руски тим во синхронизирано пливање во конкуренција на двојки на Светското првенсто во пливачки спортови во Будимпешта.

Сестрите Ксианг за Кина го освоија среброто, а Јелисавета Јакно и Ана Волошина од Украина ги освоија бронзените медали.

Кинезот Ксиангфенг Пенг е нов светски првак во скокови во вода од еднометарска платформа. Тој собра 448.00 поени и го победи сонародникот Чао Фе, кому му припадна сребрениот медал.

Џовани Точи од Италија го освои бронзениот медал со вкупно 444.00 поени.