Откриен првиот позитивен допинг-тест на ЗОИ во Пјонгчанг

Кеј Саито од Јапонија, кој се натпреварува во шорт-трек е првиот позитивен олимпиец на допинг тестот во Пјонгчанг. 21-годишниот Саито е само резерва во јапонската штафета на 5.000 метри, а финалето во дисциплината е закажано за 22 февруари.

Јапонците важат за фаворити за освојување на златниот медал во оваа дисциплина. Ако биде потврден и вториот примерок на Саито, го очекува ригорозна казна.

Јапонската штафета не ризикува казна, со оглед на тоа што допинг тестот е откриен пред финалната трка.