Мо Фарах е британски спортист на годината според „Би-би-си“

Сер Мохамед Фарах е именуван за спортист на годината според „Би-би-си“. Атлетичарот го победи супербајк шампионот, Џонатан Реј, кој собра 80.567 гласа, наспроти 83.524 гласа. Трет во изборот беше спринтерот Џони Пикок со 73.429 гласа.

Седмобојката Џесика Енис-Хил доби награда за животно дело, а женската крикет репрезентација на Англија е најдобар тим за 2017 година.

Роџер Федерер е најдобар странски спортист, што е четврто признание за легендарниот тенисер.