ВИДЕО: Германката Гејсенбергер го одбрани златото од Сочи во санкање

Натали Гајсенбергер од Германија ја оправда фаворитската улога и го одбрани олимпиското злато од Сочи пред четири години во санкање во женска коннуренција.

Гејсенбергер на убедлив начин стигна до златото, победувајќи ја сонародничката Дајана Ајтбергер и Канаѓанката Алекс Гух.

Германката Гајсенбергер веќе има три златни одличја од Олимписките игри, а собра седум злата од Светските и пет од Европските шампионати.

Германија е доминантна во овој спорт и осум злата на последните десет олимписки финалиња.