ВИДЕО: Марсел Хиршер победи во алпската комбинација и конечно се закити со олимписко злато

Марсел Хиршер победа

Марсел Хиршер од Австрија победи на денешната алпска комбинација по која го освои првиот златен медал на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Еден од најдобрите скијачи на сите времиња заостануваше цели 1,32 секунди по првото возење (спуст), но на крај успеа 12. место да го претвори во прво. Зад себе ги остави двата Французи, Алексис Пинторо и Виктор Муфа-Жанде.

По шест последователни победи во Светскиот Куп и сребрениот медал од Зимските Олимписки игри во 2014 година, Австриецот конечно го освои толку посакуваното злато, кое се надоврзува во неговата богата кариера.