Јада дебитираше со последно место на спринтот во Пјонгчанг

Македонскиот нордиец Ставре Јада денес го имаше своето деби на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг. Тој стартуваше на спринтот долг 1,4 километри и го освои разочарувачкото 79. место од вкупно 80 олимпијци, со оглед на дисквалификацијата на еден натпреварувач.

Јада оствари време од 4:23.85 минути и заостана зад победникот една минута и 15 секунди. В петок ќе има можност да го поправи впечатокот, бидејќи ќе излезе на патеката долга 15 километри.

Првите 30 натпреварувачи во оваа дисциплина обезбедија место во четвртфиналето.