Лекиќ: Заљубена сум во ракомет на плажа, сакам фановите да го засакаат до ОИ во 2018 година

Андреа Лекиќ

Српската репрезентативка и член на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ ќе биде амбасадор на младинските Олимписки игри, кои наредната година ќе се одржат во Буанос Аирес, Аргентина.

„Има уште една година до Олимписките игри во Буенос Аирес, а сакам да ги натерам фановите да го засакаат ракометот на плажа. Јас искрено сум заљубена во овој спорт, и се надевам дека и навивачите ќе го засакаат. Се гледаме во Буенос Аирес во 2018 година“ , изјави Лекиќ по изборот за амбасадори на ОИ.

Вториот амбасадор ќе биде Жил Пирес кој е познат по ракометот на плажа и по трите златни медали со Бразил на Светските првенства на ИХФ.

Игрите ќе се одржат од 6-18 октомври 2018 година, а се очекуваат околу 32 различни спорта и над 4.000 спортисти.