Пелистер Волеј ќе ги угости Јанта Волеј, УГД Студент и Неа Генеа

Македонскиот одбојкарски прволигаш во женска конкуренција, Пелистер Волеј, ќе биде домаќин на турнир „Пелистер Волеј 2017“, кој в недела (17 септември) ќе се игра во Битола.

Натпреварите ќе се играат во еден дел, во салата во ДСМУ „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, а првиот меч ќе се игра од 11.00 часот, меѓу екипите на УГД Студент од Штип и Јанта Волеј од Скопје.

Од 12.00 часот ќе биде свеченото отворање, а од 12.45 часот домаќинот Пелистер Волеј ќе се сретне со Неа Генеа од Солун, Грција. 

Од 14.15 часот ќе биде натпреварот за третото место, а финалето е од 15.00 часот. По мечот за титула, ќе следи церемонија на која ќе бидат доделени медали, како и на која ќе се прогласат најдобрите одбојкарки на турнирот.

На претстојниот турнир „Пелистер Волеј 2017“ ќе бидат претставени и новите дресови со кои Пелистер Волеј ќе се натпреварува во Првата лига на за сезоната 2017/2018.