• Кошарка-Предраг-Самарџиски Кошарка

    Самарџиски Мега Лекс ја замени со турскиот Бујукчекмече

    Репрезентативниот центар Предраг Самарџиски се враќа во Турција и во продолжението од сезоната ќе игра во дресот на новиот прволигаш Бујукчекмече. Самарџиски ја заврши кратката авантура во српскиот Мега Лекс, каде одигра неколку одлични средби, што беше одлична препорака за добивање на понудата од Турција. 

  • Кошарка-Стратос-Кукулекидис Кошарка

    Контроверзниот Кукулекидис назначен за нов тренер на Кожув

    Грчкиот тренер Стратос Кукулекидис е нов тренер на македонскиот прволигаш Кожув. 55- годишниот Кукулекидис по втор пат  во кариерата ќе работи во македонската кошарка, откако во 2007 година со тимот на Струмица стигне до сребрениот медал во Купот на Македонија.

  • Кошарка

    ВИДЕО: Коби Брајант сака на Олимпијадата Рио

    Иако Брајант во 2013 година се прости од националниот дрес на американската репрезентација, посакува уште еднаш да заигра за „дрим тимот“ на Олимписките игри во Рио де Жанерио.

  • Кошарка-Јадранска-лига-МЗТ-Скопје
    Кошарка

    Силен отпор на „металците“ но Јовиќ ги однесе бодовите во Белград

    Петти пораз на нашиот шампион MЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига. Во последниот натпревар од 9. коло македонскиот шампион на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загуби од бранителот на титулата Црвена Звезда со 71-66.

  • Кошарка-Јадранска-лига-МЗТ-Скопје-Црвена-Звезда Кошарка

    Лазиќ: МЗТ Скопје ќе биде силно мотивиран да не победи

    Македонскиот претставник во регионалната АБА лига, МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 18.00 часот е домаќин на шампионот Црвена Звезда. Црвено белите од Белград иако со многу промени во составот во однос на минатата сезона кога ја освоија титулата, се фаворити во овој меч, но македонскиот шампион сезонава покажа дека има тим кој може да му се спротистави на секој ривал, посебно на домашен терен каде ќе ја има и поддршката од верната публика. 

  • Кошарка-Јадранска-лига-МЗТ-Скопје-Пипан
    Кошарка

    Пипан: Треба да го заборавиме овој меч, со толку грешки не се победува Црвена Зевзда

    Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Алеш Пипан, побара неговите играчи да го заборават  поразот од Црвена Звезда (66-71) и да се фокусираат на следните предизвици.
     
    „Немам што да им забележам на играчите бидејќи го дадоа максимумот. Направивме многу грешки а доколку сакате триумф против таков тим не можете да загубите 15 топки, да се промашат толку зицери и да се загуби концентрацијата во клучни моменти на играта. Не треба да бидеме тажни, момците навистина дадоа се од себе. Треба да се свртиме напред кон мечот со Будуќност во Подгорица“ , изјави Пипан.
     
    МЗТ Скопје во АБА лигата во наредниот меч ќе му гостува на Будуќност во Подгорица на 15 ноември, а веќе в четврток во Јане Сандански ќе го одигра дербито со Работнички. 

  • Кошарка

    Армани без својот најдобар кошаркар: Мачван со фрактура на десната шака

    Српскиот кошаркар, Милан Мачван кој од оваа сезона настапува за Армани Џинс, во третата четвртина од натпреварот против Виртус Болоња, заради повреда мораше да го напушти теренот, а се шпекулира дека повредата е сериозна.

  • Кошарка

    ФОТО: Сега сите мора сериозно да ги сфатат „соколите“!

    Во една недела, Карпош Соколи го совлада Кожув во Гевгелија и Фени Индустри во Скопје и потврди дека не се шегува оваа сезона. Победата од 80-65 со водство скоро во целиот натпревар, потврдува дека мак-кошарката добива уште еден сериозен претендент за висок пласман. Одлична колективна игра и пред сѐ одбрана ги красеше „соколите“ во ладниот амбиент на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Победата против кавадарчани треба да ги замисли и шампионите од Аеродром, кои наредни му гостуваат на лидерот. 

  • Кошарка

    ВИДЕО: Мега Лекс поразен во Загреб: Самарџиски со одлично издание

    Екипата на Мега Лекс, каде настапува нашиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски, во 9. коло од АБА лигата беше поразена од загребска Цедевита со 68-78. За избраниците на Дејан Милојевиќ ова им е трет пораз во регионалното натпреварување, додека Цедевита ја запиша својата шеста победа оваа сезона.

  • Кошарка-Прва-македонска-лига Кошарка

    Куманово се „сруши“ во Струмица, гевгелиското дерби за Кожув

    Куманово продолжува многу променливо и игра топло – ладно, посебно на гостински терен во домашниот шампионат. Вечерва вицешампионот изнендувачки е поразен по продолжение од Струмица со 101-93. Избраниците на Луковиќ беа на чекор до победата, но скапо го платија падот на концентрацијата во последните минути од мечот, по што во дополнителните пет минути делуваа загубено на теренот, па Струмица се радуваше на голема победа.

  • Виктор Криапа Кошарка

    Криапа со скршеница на рачниот зглоб, отсуствува нови два месеци

    33-годишниот крилен центар на ЦСКА од Москва, Виктор Криапа, одново се повреди и ќе биде нови два месеци надвор од терените. Рускиот репрезентативец се повреди на дуелот со Дарушафака, во рамките од 4. коло од Евролигата. Овој пат, страдаше неговиот рачен зглоб. Заради повреда на скочниот зглоб, пак, минатата година Криапа одигра само неколку натпревари. 206 сантиметри високиот Русин, навистина нема среќа да врзе неколку добри сезони без повреда.

  • Кошарка

    Наследникот на Двајт Хауард по втор пат ги скина лигаментите на коленото

    Хери Џајлс е 17-годишен американски тинејџер, кого американските медиуми го избраа за наследник на Двајт Хауард во најсилната лига во светот. Сепак, потенцијалниот прв пик на НБА драфтот во 2016 година, по втор пат се повреди и тоа на истото место, што ќе го оддалечи од терените цела година. Младиот Џајлс ги скина лигаментите на коленото на левата нога, во вторникот вечерта на натпревар за своето школо. Целата ситуација околу повредата ја потврди неговиот татко.

  • Кошарка-Синадиновиќ-МЗТСкопје Кошарка

    Синадиновиќ го напушти МЗТ Скопје!

    Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром денес на својата веб страница информира дека е прекината соработката со играчот Еди Синадиновиќ. Српскиот плејмејкер дојде во тимот на МЗТ Скопје на почетокот од оваа сезона и одигра вкупно седум натпревари во АБА лигата со просек од 3.1 поени и 1.1 асистенција по натпревар. 

  • Кошарка-Џеј-си-Керол Кошарка

    Тројката на Керол го спаси Реал од пораз од Баерн

    Седум натпревари се одиграа во кошаркарската Евролига, во рамките на четвртото коло. Во најинтересниот меч Реал на волшебен начин се спаси од пораз против Баерн Минхен. Актуелниот европски првак, на домашен терен, на два и пол минути до крајот на мечот имаше негатива од осум поени (88:96), но до крајот сос ерија од 13:3 успеа да победи 101:99. Во неизвесната завршница најпрвин Ѓедовиќ погоди тројка за Баерн на 20 секунди до крајот за 98:99, а потоа Џеј Си Керол на три секунди до истекот на натпреварот возврати со иста мерка и му ја донесе победата на Реал.

  • Боби-Митев-Кожув Кошарка

    Кожув ќе бара нов тренер: Раскината соработката со Боби Митев

    На големо изненадување од вечерва Боби Митев повеќе не е шеф на стручниот штаб на македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Кожув. Соработката беше прекината по слабите резултати остварени на стартот од новата сезона.

  • Кошарка-Куманово-Еврокуп Кошарка

    Куманово испиша историја: Победен финскиот КТП за прва европска победа

    Македонскиот вицешампион Куманово ја оствари првата победа во ФИБА Еврокупот. Во рамките на 2. коло во групата Ј, Куманово со одлична игра посебно во првите две четвртини, славеше сигурна победа над финскиот КТП Баскет со 88-78.

  • Кошарка-МЗТСкопје-Фени-индустри Кошарка

    Фуриозната трета четвртина донесе триумф на „металците“ во Кавадарци

    МЗТ Скопје Аеродром во последниот натпревар од 4. коло во Првата македонска кошаркарска лига, ја оправда фаворитската улога и славеше во Кавадарци. На дербито во Кавадарци, „металците“ славеа победа над домашниот Фени Индустри со 93-76.

  • Папаниколау Кошарка

    Денвер се премисли и го враќа Папаниколау

    Грчкиот кошаркар, Костас Папаниколау, конечно донесе одлука за својата кошаркарска иднина. Откако месец и половина беше слободен играч, бившиот играч на Барселона, повторно ја избра НБА пред Европа.

  • Стефон-Кари-НБА-Голден-Стејт Кошарка

    Кари со нова симултанка, Голден Стејт и Торонто сонови победи

    Голден Стејт ја продолжи серијата на победи во НБА лигата, откако  славеше и над ЛА Клиперс. Стеф Кари, од почетокот на сезоната на секој натпревар покажува зошто минатата сезона беше прогласен за МВП. Toj со 31 поен, пет скока и четири асистенции го предводеше тимот до победата над ЛА Клиперс (112-108). 

  • Еторе-Месинa-Кошарка Кошарка

    Еторе Месина е нов селектор на Италија

    Познатиот кошаркарски тренер, Еторе Месина, ќе ги предводи „азурите“ на квалификациите за Олимписките игри во Рио. Тој ќе го замени Симоне Пјаниџани , за кој се зборува дека е во лоши односи со претседателот на италијанската кошаркарска федерација. 

Pages