ВИДЕО: Жалгирис го победи Олимпијакос и дојде на чекор до Ф4 во Белград

Литванскиот Жалгирис е на чекор до пласман на Ф4 завршницата на Евролигата, откако на домашен терен славеше победа против Олимпијакос со 80-60 и поведе со 2-1 во серијата подобар од пет. Последното учество на тимот на Жалгиририс на Ф4 е далечната 1999 година, кога воедно Литванците беа шампиони на Европа.

Грчкиот тим беше рамноправен само во почетните минути, кога имаше и највисока предност од +6 (4-10), за да до крајот на првата четвртина домашните кошаркари направат комплетен пресврт и на мала пауза заминат со позитива од 21-19. Избранциите на Јасикевичиус главниот исчекор кон нова победа го направија во втората четвртина, во која по серијата од 12-0, поведоа со 37-24, а на полувреме заминаа со позитива од 47-36.

Во третата четвртина, грчките кошаркари за момент намалија на -8 (44-36), но во своите редови единствено расположен беше Спанулис, а тоа домаќините знаеа да го искористат и пред последните десет минути влегоа со позитива од 67-50. Во последниот период играта на гостите целосно се распадна, па сосема заслужено тимот на Жалгирис славеше победа од 80-60.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дејвис Брендон со 18 поени, а кај поразениот Олимпијакос прв стрелец беше Василис Спанулис со 14 поени. Следниот натпревар, кој воедно ќе биде и прва меч топка за Жалгирис, се игра за два дена повторно во Каунас.