Завршницата на кошаркарскиот Куп од 16 до 18 февруари, отворено наддавањето за организатор

Македонската Кошаркарска Федерација објави дека завршниот турнир на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржи од 16 до 18 февруари, а на 20 јануари во 12.00 часот во просториите на МКФ, ќе се одржи јавно наддавање за организација на завршницата. 

Почетната сума за организација на Купот изнесува 500.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума, до почетокот на лицитацијата.

На завршниот турнир од Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.