Вујошевиќ поради долг од 113.000 евра направи хаос во Партизан

Душко Вујошевиќ, поранешниот тренер на Партизан, а сегашен селектор на БиХ, направи хаос во таборот на белграѓани откако поради неисплатен долг, клубот не смее да прави трансфери.

Миленикот на публиката бележеше многу успеси на клупата, но клубот остана должен кон него. Партизан има долг кон големото тренерско име во висина од 113.000 евра, па поради тоа, на тимот не му е дозволено да регистрира нови играчи.

Вујошевиќ му даде седум дена на Партизан да го подмири долгот кон него,