Вратите за „Трофеј Македонија“ отворени, кошаркарите стартуваат со Португалија

Од овој четврток, па сè до сабота во Скопје ќе се одржи кошаркарскиот турнир „Трофеј Македонија“. Во нашиот главен град ќе гостуваат сениорските селекции на Португалија, Холандија и на Босна и Херцеговина против кои ќе се надигруваат избраниците на Јорданчо Давитков со желба што повеќе да се воигра националниот состав кому му претстојат претквалификациите за СП 2019.

Во интерес да VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ (каде ќе се одиграат сите натпревари) биде што повеќе полна, Македонската кошаркарска федерација одлучи да ги отвори вратите за сите натпревари. Поддршката од трибините е секогаш добредојдена.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
20 јули, 2017 година (четврток)
18.00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20.30 часот МАКЕДОНИЈА - Португалија

21 јули, 2017 година (петок)
18.00 часот Португалија - Босна и Херцеговина
20.30 часот Холандија - МАКЕДОНИЈА

22 јули, 2017 година (сабота)
18.00 часот МАКЕДОНИЈА - Босна и Херцеговина
20.30 часот Холандија - Португалија

Неколку дена по завршување на турнирот нашите репрезентативци ќе заминат за Бугарија на уште еден пријателски натпревар (28 јули), последен во рамки на подготвителниот период пред почетокот на претквалификациите за СП 2019.