Влаикидис си поднесе оставка, Васко Атанасов е нов тренер на Струмица

По шест одиграни кола се случи првата тренерска смена во најсилната македонска кошаркарска лига. Екипата на Струмица, која заедно со Шкупи се единствени два тима без триумф, се раздели со грчкиот стратег Власис Влаикидис.

Предводникот Блаикидис си поднесе оставка, а управниот одбор на клубот истата ја прифати. Неговиот довчерашен помошник, Васко Атанасов, е именуван за негов наследник. За Атанасов ова ќе биде прво домашно искуство како тренер, откако работеше во Молдавија, како тренер на Адмиралс.

Атанасов ќе дебитира в сабота во Битола против директниот конкурент Пелистер.