Уникаха донесе големо засилување, Марселињо од Лејкерси доаѓа во Малага

Шпанскиот учесник во Евролигата и победник на Еврокупот, Уникаха од Малага го доведе првото големо засилување за новата сезона. Бразилскиот репрезентативец Марселињо Хуертас потпиша двегодишен договор со клубот од Андалузија и по Хувентуд, Билбао, Барса и Басконија, се враќа во Ендеса лигата да игра за петти клуб.

Марселињо се враќа во Европа од Лос Анџелес Лејкерс каде што играше во претходните две сезони. Во својата кариера 34-годишниот плејмејкер настапуваше и за Фортитудо во Италија и за бразилските екипи Сао Паоло и Пињерос.

За бразилската репрезентација Марселињо злато од Копа Америка во 2006 година.