ФОТО: Унгарците во Скопје гулашот го заменија со - „тавче гравче“!

Екипата на Фалко Вулкано е во Скопје каде го игра последниот меч од Европа Купот со Карпош Соколи, а на трибините има и солидна поддршка.

Околу триесетина навивачи на унгарскиот тим се присутни во СЦ „Јане Сандански“ и ја прават целата атмосфера, ако се земе предвид дека за „соколите“ дојдени се само десетина луѓе. Гостите пејат навивачки песни цело време, а исто така, од нивната трибина може да се слушне и скандирање на зборот - тавче гравче.

Очигчедно, Унгарците веднаш се заљубија во нашите специјалитети, па нивниот традиционален гулаш го заменија со препознатливото тавче гравче.