
Уапсен е осомничениот за неодамнешниот бомбашки напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, објави германското обвинителство.
Русин со германско државјанство е обвинет за нападот врз автобусот, кој фудбалерите на Борусија Дортмунд ги превезуваше од хотелот до стадионот. Германските медиуми објавија дека 28-годишниот Сергеј В. бил сместен во истиот хотел како и фудбалерите и неговата соба гледала кон улицата, во која се случија експлозиите.
Во нападот повредени беа фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра и еден полицаец.
Неофицијално Русинот сакал да предизвика пад на акциите на Борусија Дортмунд и злоделото го извршил од финансиски побуди.