Томас: Не се плашиме од Кливленд, ова сепак не е „Спејс џем“

Ајзеа Томас од Бостон на интересен начин го најави вториот натпревар од финалната плејоф-серија на Истокот против Кливленд.

За Џејмс и пријателите, кои се актуелни прваци, плејмејкерот на Бостон рече дека не се непобедливи и дека не се „чудовишта“, како од анимираниот филм „Спејс џем“ од деведесеттите.

„Верувам во моите соиграчи, не се плашиме од Кливленд. Сепак, тие не се чудовишта, ова не е „Спејс џем“. Играат како и ние. Се борат за секоја топка исто како и ние. Беа подобри од нас во првиот меч, но тоа не значи дека ќе го добијат веднаш и вториот“, изјави Томас.

„Спејс џем“ е филм од 1999 година во кој Мајкл Џордан, кошаркарската легенда на НБА-лигата, се бори против аниминрани чудовишта да победи. Вториот меч меѓу Кливленд и Бостон се игра в петок по полноќ, од 2.30 часот.