Тандемот Драгиќ-Дончиќ ја одведе Словенија во полуфиналето во меч со 200 поени

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Репрезентацијата на Словенија е противник на Шпанија во првото полуфинале на Евробаскетот, чија завршница се одржува во Турција. Словенците конечно дојдоа во зоната за медали и како и европскиот првак со максимални седум победи се во големата четворка. Во шутерско четврфинале, избраниците на Кокошкин ја совладаа Летонија со 103-97.

Двете селекции започнаа без одбрани и скоро секој напад завршуваше со поени. Порзингис и Рендолф беа главни ѕвезди, а ударот за три поени најсилно оружје на двете селекции. Први по одлепување посегнаа Словенците и Лука Дончиќ со серија од пет поени го пронуди летонскиот селектор  Багатскис на тајм-аут при 25-15. Разгоропадените Словенци на селекторот Кокошкин со успешно реализираните слободни фрлања на Драгиќ првиот период го реши во своја полза со 34-23. 

Горан Драгиќ брзо собра 13 поени и Словенците одржуваа предност од десетина поени. Со поени од дистанца Летонците спуштија до -4 во 16. минута, но Дончиќ со серија од пет поени го врати спокојот кај Словенците (48-41). Сепак, Давис Бертенс постигна тројка и дополнително слободно фрлање за 49-48 во 19. минута. По техничката грешка на Дончиќ, Латвија преку Даирис Бертанси Јанис Тима  поведе со 49-52. Со тројката на Блумс, изненадувачки Летонија на големиот одмор замина со 51-55, иако подолг период губеше во првите 20 минути.

Очигледно Кокошкин им одржал лекција на Словенците во соблекувалната за преку 50 примени поени во две четвртини, па Драгиќ и Дончиќ, потпомогнати од Чанчар ја вратија предноста (60-55). Не мина ни половина четвртина, а водени од Драгиќ, Словенците заминаа на +10. Видмар ја заби топката во летонскиот кош за +12 во 29. минута и летонски тајм-аут. 

Браќата Бертанс и Блум имаа „муниција“ и на почетокот на четвртиот период погодија во серија за 81-79 во 35. минута. Но, Видмар и Дончиќ до тројка од 11 метри, го вратија спокојот (86-79). Порзингис сам ги презеде работите во свои раце и со две забивања намали на 91-89 на две минути до крајот. Во игра на нерви, Словенците подобро изведуваа слободни фрлања и славеа со 103-97.

Најефикасни поединци во репрезентацијата на Словенија беа Драгиќ со 24 и Дончиќ со 25 поени, а кај Летонците се истакнаа Порзингис со 34 и Ддавис Бертанс со 20 поени.