Стојановски двоцифрен во тешката победа на Бетис над Уникаха

Екипата на Реал Бетис, која од оваа сезона е посилна со нашиот репрезентативец, Војдан Стојановски, денес направи чекор плус во борбата за пласман во плеј-офот од најсилното кошаркарско натпреварување во Шпанија, Ендеса лигата. 

На домашен терен во доста израмнет и неизвесен меч, кошаркарите на Бетис славеа тешка победа над тимот на Уникаха со 76-68. Тимот од Севиља уште од стартот на мечот го презеде водството, а одлучувачка четвртина беше втората, кога Бетис направи разлика од +6 поени, која ја задржа до самиот крај. 

Војдан во оваа победа учествуваше со 11 поени, додека најрасположен кошаркар беше Локтет со 14 поени. Кај Уникаха со по 14 поени се истакнаа Смит и Брукс, додека 12 постигна Недовиќ. Сега, Бетис е на делба на деветтата позиција со само една победа помалку од Андора, која со осум победи е на осмата позиција (последна која обезбедува пласман во плеј-офот)