Стефон Марбери замина во пензија: Беше ѕвезда во НБА лигата, а се прослави играјќи во Кина

Стефон Марбери

Поранешната ѕвезда во НБА лигата и репрезентацијата на САД, Стефон Марбери замина во пензија по 22 години професионална кариера. 40-годишникот ги помина последните девет години во Кина, каде доби поголема слава и почит, отколку во родната земја.

Искусниот плејмејкер наредната недела ќе наполни 41 година, а вчера реши да се раздели со екипата на Бејџинг Флај Драгонс. Емотивниот Марбери на последниот меч ја поздрави публиката и дресот со број „3“, кој го носеше во текот на цела кариера, му го подари на еден свој соиграч.

И покрај кошаркарската пензија, американскиот кошаркар на прес-конференцијата најави дека нема да ја напушти Кина и вети дека ќе продолжи да помага во развојот на спортот во земјата. На големо одушевување кај навивачите, Марбери ја заврши професионалната кариера со тројка.

Почетоците во НБА лигата му беа во екипата на Минесота Тимбервулвс во далечната 1996 година, а потоа следуваа неколку преселби од Њу Џерси Нетс, Феникс Санс, Бостон Селтикс, па сѐ до Њујорк Никс, тимот од неговиот роден град.

Двапати се појави на „Ол-стар“ натпреварот (2001 и 2003 година), а на Олимписките игри (ОИ) во Атина 2004 година го освои бронзениот медал со репрезентацијата на САД: