„Соколите“ подобри од Гостивар, минимален пораз на Работнички на турнир во Ботевград

Карпош Соколи и Гостивар вечерва во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје одиграа контролен натпревар пред почетокот на шампионатот, а победа извојуваа „соколите“ со 93-78.

Избраниците Марјан Србиновски послужија како добар спаринг партнер за вицешампионот пред натпреварите од квалификациите од Лигата на шампионите. В сабота против Фени Индустри, скопјани ќе го имат последниот тест пред европскиот меч со естонски Калев.

Скопски Работнички вечерва загуби од српски Динамик со 91-90 во дебитантскиот натпревар на турнирот во Ботевград. Чавдар Костов со 26 и Маркус Гинјард со 22 поени беа најпозитивни во таборот на Марин Докузовски.