„Соколите“ ги добија противниците во Европа, Пери се враќа во Скопје

Екипата на Карпош Соколи ги доби сите противници во групната фаза на ФИБА Европа купот, каде е единствен македонски претставник.

„Соколите“ ќе играат во групата Х, а противници ќе бидат унгарски Солнок и Фалкон, како и руски Нижни Новогород кој доаѓа од Лигата на шампионите. Повратник во Скопје ќе биде токму поранешниот кошаркар на тимот од Карпош, Кендрик Пери, кој настапува за Солнок.

Сезоната за Карпош Соколи во Европа купот ќе започне на 18 октомври кога тимот гостува кај Солнок, додека првиот домашен меч ќе се игра на 25 октомври, против фаворитот во групата Нижни.

Македонскиот вицепрвак доби место во ова натпреварување откако претходно доживеа елиминација од Лигата на шампионите, во двомеч со естонски Калев.