ВИДЕО: Со Леброн сè е полесно - МОНСТРУОЗНА БЛОКАДА на „КРАЛОТ“

Леброн Џејмс блокада

Кливленд има огромна предност по првото полувреме на вториот меч од серијата во конференциското финале на Истокот против Бостон (31-72), а еден од најзаслужните за истата е Леброн Џејмс.

Најдобриот играч на Кавалирси си поигрува со противничките играчи како со мали деца, а покрај поените и асистенциите, на паузата во вториот дуел замина и со три блокади. Посебно внимание привлече онаа втората, кога во препознатлив стил, во полн трк, спречи лесни поени во контра и го блокираше обидот на Ејвори Бредли.

Тимот на Кливленд е на добар пат да го израмни рекордот на ЛА Лејкерс и со триумф ќе стигне до бројката од 13 последователни победи во плеј-офот. 

Најнови вести од
НБА, САД