Швед фаворит за титулата најдобар стрелец во Евролигата, Дончиќ и Де Коло со минимални шанси

Дончиќ и Де Коло

На осум кола до крајот на Еволигата, трофејот „Алфредо Форд“, кој се доделува на најдобриот стрелец во лигата, се чини има свој сопственик - Алексеј Швед од екипата на Химки Москва.

Но, играчи како Лука Дончиќ и Нандо де Коло сигурно не кажале својот последен збор и уште имаат шанса да се изборат за оваа престижна награда.

Рускиот плејмејкер бележи 22 поени во просек, што е најголема бројка во последните 14 сезони. Досега, играчот на Химки зад своето име собра вкупно 484 поени.

Зад него се наоѓа играчот на Реал Мадрид, кој е на втората позиција со 393 поени и просек од 17,3 по натпревар. Младиот Словенец е огромен фаворит да ја освои МВП наградата на крајот од сезоната.

Последен во ударното напаѓачко трио е францускиот кошаркар од редовите на ЦСКА Москва, Де Коло со 375 поени и просек од 17,1 поен.

Веднаш зад нив се Ерик Грин (16 пени по натпревар), Немања Недовиќ (15,8), Пјер Џексон (15,3) и Ерик МекКалум (15,3), кои ја заокружуваат листата на кошаркари со просек над 15 поени.