Серхио Родригез се согласи на тригодишен договор со ЦСКА Москва!

Раководните луѓе на ЦСКА Москва замената за штотуку заминатиот Милош Теодосиќ, ја пронајдоа во НБА лигата. Според еден од најпознатите израелски новинари, кој секогаш ги откривал трансферите пред да се реализираат, Дејвид Пик, Шпанецот Серхио Родригез ќе потпише тригодишен договор со тимот од Москва.

Репрезентативецот на Шпанија минатата сезона настапуваше во редовите на Филаделфија, каде пристигна од тимот на Реал Мадрид. Според новиот договор Родригез во тимот на ЦСКА Москва ќе добива по три милиони евра годишно.

Искусниот плејмејкер минатата сезона за тимот на Филаделфија одигра 68 натпревари и забележа просек од 7,8 поени и 5,1 асистенција по натпревар. Во 2015 година ја освои и Евролигата со тимот на Реал Мадрид.