Само Фенер не знае како е да се освои Евролигата од учесниците во Истанбул

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Истите четири екипи кои се бореа за европската круна во Мадрид пред две години со истите тренери и со истите полуфинални парови ќе се борат за титулата на Евролигата и во Истанбул оваа година. Во „Синан Ердем Дом“, Реал Мадрид ја брка десеттата ЦСКА Москва ќе ја напаѓа осмата, Олимпијакос четвртата, а Фенербахче Улкер премиерната евролигашка титула.

Вечна листа на најуспешни клубови во Евролигата:

1. Реал Мадрид 9

2. ЦСКА Москва 7

3. Макаби Тел Авив 6

4. Панатинаикос 6

5. Варезе 5

6. Олимпијакос 3

7. Олимпија Милано 3

8. Рига 3

9. Сплит 3