ВИДЕО: Рекорд на Антони Дејвис, Вестбрук пак најзаслужен за нова победа на Оклахома

Кишаркарите на Њујорк никс загубија од Њу Орлеанс со убедливи 96-110, во еден од највозбудливите НБА мечеви за време на ноќта. Ентони Дејвис беше прво име на натпреварот и крај своето име запиша 40 поени и 18 скокови. Со овој учинок Дејвис е првиот во историјата што стигнал до 40 поени и над 15 скока за помалку од 30 минути.

Оклахома сити го победи Чикаго на гостувањето со 94-109, а Расел Вестбрук за малку не забележа нов „трипл-дабл“, откако мечот го заврши со 21 поен, 14 асистенции и 9 скокови. Стивен Адамс одигра одличен натпревар и постигна 22 поени за гостите од Оклахома. 

Победа пред своите гледачи извојува и Минесота, која со 101-92 го совлада неубедливиот Далас.