Поранешниот „штрк“ Марко Луковиќ го раскина договорот со Мурсија

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Србинот Марко Луковиќ не издржа цела сезона во шпанскиот прволигаш Мурсија и постигна спогодбен раскин на договорот и веќе е слободен кошаркар.

25-годишниот Марко Луковиќ не се прослави оваа пролет, а ниту неговата екипа не игра добро во Ендеса лигата. Со 10 победи 11 порази, Мурсија се наоѓа на 11. место во шпанскиот шампионат.

Луковиќ освен за МЗТ Скопје го носеше дресот на Мега Визура, Трир и Крка.