ФОТО: Перо Антиќ за Евролигата е - Србин!?

Перо Антиќ заедно со Џордан Теодор се единствените репрезенти на Македонија во Евролигата, но сепак, уредниците на интернет-страницата на натпреварувањето, решија да менуваат.

Теодор, кој е натурализиран репрзентативец на нашата земја настапува за Милано, додека Перо Антиќ кој е роден во Македонија игра за Црвена Звезда, но од Евролигата го водат како - Србин!

Намерно или ненамерно, не може да знаеме, но она што никој не може да го избрише е податокот дека Антиќ е роден во 1982 година во Скопје. Кариерата ја почна во Работнички, а по двегодишните настапи за тимот од Градски парк почна да ја гради својата интернационална кариера.

Зад своето име има три евролигашки титули, податок кој го прави Антиќ гордост на нашата земја и кошаркар со највредни одличја во Европа. Воедно, Антиќ е и првиот Македонец кој успеал да игра во НБА-лигата, кога од 2013 до 2015 година настапуваше за Атланта Хокс.