ВИДЕО: Олимпијакос и Макаби со победи стартуваа во новата Евролига

Третопласираната екипа на минатото издание на Евролигата, Олимпијакос од Пиреја, со победа ја започна новата сезона во елитниот европски Куп.

Вечерва во „Мир и пријателство“ грчкиот вицешампион го победи баскискиот тим Лаборал Куча со 75-64.

Во текот на сите 40 минути домашната екипа водеше и полесно од предвиденото дојде до заслужена победа. Најефикасни поединци кај домаќините беа Принтезис со 17 и Аграванис со 13 поени, а кај гостите се истакнаа Шенгелија со 13 и Грејнџер со 12 поени.

Во Германија, израелската гордост Макаби Тел Авив го победи домашниот Бросе Баскет и најави враќање на старите патеки. „Жолтите“ славеа со 71-88. Најзаслужни за победата на Израелците беа Пјер Џексон со 27 и Мајкл Рол со 16 поени.