ВИДЕО: Олимпијакос го совлада Жалгирис и израмни на 1-1 во плеј-оф серијата

Кошаркарите на Олимпијакос во вториот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на Евролигата, во Атина славеа победа против Жалгирис од 79-68 и израмнија на 1-1 во серијата подобар од пет, пред истата да се пресели во Литванија.

Почетокот на натпреварот беше неизвесен, се играше кош за кош, со цврсти одбрани, за да на мала пауза тимот до Пиреја замине со предност од 17-15. Во продолжение домашните кошаркари одиграа далеку помотивирано, со одлични сегменти во нападот, па стигнаа и до максимална предност од 41-38, за да на полувреме да заминат со позитива од +9 (41-32).

По одморот литванските кошаркари потсетија на играта од првиот натпревар и целосно се вратија во игра, па во последните десет минути се влезе со егал резултат (54-54). Во нив, повторно доминираа избраниците на Сфаиропулос, предводени од Спанулис и Меклин се одлепија на највисоки +13 (68-55), за да на крајот да слават победа од 79-68.

Најефикасен кај Олимпијакос со 21 поен беше Меклин, додека Спанулис дополни со 18 коша. Во поразениот тим на Жалгирис прв стрелец со 20 поени беше Дејвис Брендон.