Октај Махмути официјализиран како старо-нов тренер на Галатасарај

Македонскиот стручњак и поранешен тренер на Анадолу Ефес Пилсен, Бенетон и Дарушафака, Октај Махмути денес е именуван за нов тренер на Галатасарај. Скопскиот стручњак се враќа во клубот од Истанбул, каде што работеше од 2010 до 2012 година.

49-годишниот стратег зад себе има четири титули шампион на Турција и исто толку трофеи од турскиот Куп. По отказот кој го доби Ерман Кунтер, клубот брзо реагираше и го именува Махмути за негов наследник.

Галатасарај не ја започна најдобро сезоната во турската Суперлигата и се наоѓа дури на десеттото место со 19 бода, седум помалку од лидерот Фенербахче.