Обрадовиќ: Перо денес не играше затоа што јас така одлучив!

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Жељко Обрадовиќ обезбеди уште едно финале, второ за Фенербахче во две години, а вкупно 11. во богатата кариера. Овој пат го надмудри својот поранешен клуб Реал Мадрид и му се реваншираше за поразот во полуфиналето пред две години во Шпанија.

„Игравме против најдобрата екипа од регуларниот дел и игравме против Љуљ, кој беше и денес одличен во играта еден на еден. Ние бевме одлични во текот на сите 40 минути, го сопревме тимот на Реал Мадрид на само 4 асистенции во првиот дел, а се работи за екипа која има 20 асистенции по натпревар. Зошто не играше Перо? Цел живот одлуките ги донесува тренерот, па и овој пат тоа беше одлука на тренерот. Се наоѓаме на само еден натпревар од сонот и верувам дека може тој да стане реалност“, смета Обрадовиќ. 

Србинот е на повидок на уште еден рекорд, бидејќи ако в недела ја освои европската екипа тоа ќе му биде трофеј си петта различна екипа по Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид и Панатинаикос.