Николиќ: Не разочаравме, уште сум под импресии од аплаузите

Партизан беше преголем залак за Карпош Соколи во вчерашниот натпревар од АБА лигата и покрај силниот отпор, бодовите останаа во Белград, Тренерот на македонскиот претставник, Драган Николиќ беше дочекан и испратен со аплаузи, а по мечот тој евидентно беше под импресии на таквата реакција. 

„Реков дека ќе пробаме да се бориме против Партизан, но не се изборивме до крај. Партизан заслужено победи, а јас да бидам искрен не очекував дека после мечот ќе бидам дочекан и испратен со аплаузи. Сега знам како им е на Дуда, Жељко, Дуле, уште сум под импресии на тоа. Се надевам дека и ние не ја разочаравме публиката“, смета Николиќ.

Карпош Соколи останува без гостинска радост, иако резултатски мечот во „Пионир“ синоќа беше еден од оние во кои резултатски беше најблиску до противникот.