НБА не е АБА: Јокиќ прво доби забрана за бурек и кока-кола, а сега и за - пица и чизкејк!

Никола Јокиќ пред доаѓањето во НБА-лигата можеше да јаде што сака, но откако стана дел од елитата, живее под строг режим и мора да внимава на се што внесува во телото. 

Кошаркарот пред да потпише за Денвер настапуваше во АБА-лигата, а во едно интервју откри дека додека бил дел од Мега Лекс, уживал во бурек и кока-кола, но сега добил наредба дека не смее да ги внесува. Исто така, за време на летната пауза, Јокиќ добил уште една наредба - не смее да внесува во организмот пица и чизкејк.

Целта била тој да намали на телесната маса, во што успеал затоа што загубил 5%, а исто така, за време на таканаречената диета, загубил и додатни четири килограми. Јокиќ пристигна во НБА-лигата во 2015 година од редовите на Мега Лекс.