Назор: МЗТ доби шанса да победи, но направи глупави грешки и не ја искористи

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје доживеа нов пораз во АБА-лигата. Овој пат, „штрковите“ загубија на гостувањето кај Цибона, а стратегот на македонскиот тим Анте Назор смета дека поразот дошол благодарение на глупави потези кои „металците“ ги правеле за време на средбата.

„На стартот на мечот имав чувство дека ќе имаме шанса да победиме, меѓутоа не ја искористивме. Противникот беше и посреќен, и поагилен во моментите кога беше најпотребно. Фаќавме ритам, но едноставно се губевме. Немавме паметен посед на топка и со глупави потези и грешки ѝ дадовме комфор и контрола на Цибона во клучниот момент. Со искуството кое го има, плус, расположениот Рејнолдс, Цибона дојде до победата“, изјави Назор.

Свој збор по мечот имаше и Ѓорѓе Дреновац, кој одигра 40 минути во дресот на аеродромци и беше најдобар стрелец со 27 поени.

„Гостите ја градеа предноста за време на мечот благодарение на нивното искуство, но и нашите брзоплети грешки. Рејнолдс и Шакиќ, нивните двајца главни играчи беа разиграни што беше клуч за нивната победа, односно нашиот пораз“, изјави Дреновац.

МЗТ Скопје во наредното коло од АБА-лигата е домаќин на хрватски Задар.