ФОТО: Наумоски од првите редови со поддршка за Антиќ кој тргнува по нова европска круна

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Турскиот кошаркарски првак Фенербахче во овие моменти го игра вториот полуфинален дуел од годинашниот завршен Ф4 турнир во Евролигата, а противник му е Реал Мадрид.

На трибините во „Синан Ердем Дом“ владее пеколна атмосфера, која што ја создаваат домашните фанови, а на трибините има и десетина Македонци.

Меѓу нив е и првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски кој стоечки и со аплауз при официјалното најавување пред мечот го поздрави нашиот интернационелц Перо Антиќ.

Македонецот тргнува во нов обид да стигне до хет-трик во Евролигата, односно третата титула европски првак.